Барселона и напаѓачот на францускиот Лион, Мемфис Депај ги договриле условите под кои холандскиот фудбалски интернационалец ќе се пресели на „Камп Ноу“. Според холандските медиуми трансферот ќе биде завршен и официјализиран до крајот на оваа недела.
Новиот тренер на шпанскиот гигант, холандскиот стратег Роналд Куман е во потрага по играчи за да го реализира својот проект. Неговиот сонародник Депај е еден од нив за кои Барселона ќе плати 25 милиони евра веднаш и уште 5 милиони наредната сезона. Лион ќе може да добие и уште два милиони евра како бонуси.
Депај играше за ПСВ пред да отиде во Манчестер јунајтед каде не се снајде, па замина во Лион каде се препороди.
За холандската репрезентација Депај има одиграно 54 натпреаври и постигнал 19 голови.