Бејл се враќа во Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви се обидува да го врати Герет Бејл во клубот и преговорите се во напредна фаза.

Во последните неколку денови се зборува дека Манчестер Јунајтед е блиску да го врати Бејл на Островот, а тоа само го активирало раководството на „спарси“ да започне преговори со Реал Мадрид.

Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Тотенхем сака да го искористи тоа.

Имено, Тотенхем ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид, а тоа го потврди и агентот Џонатан Барнет.

„Герет го сака Тотенхем, преговорите се во тек. Тоа е местото каде што тој сака да биде“, изјави Барнет.

 

Треба да знаете
Последни објави