Денес преку закажана аукција на државни записи Владата на Заев ќе ги задолжи граѓаните за нови 42 милиони евра наменети за враќање на стари долгови, додека во исто време за непродуктивни трошења и набавка на нови службени возила троши над 8 милиони евра
Владата безмилосно и душмански ги задолжува граѓаните и наместо парите да одат за помош на невработените и бизнисот тие се наменети за картички кои се дел од заложбата на Заев за купи ден помини политика.
Нема ништо од најавената мерка на владата за викенд без ДДВ, а впрочем нема ни помош за стопанството. Еден месец по платежната картичка народот пак ќе биде гладен, а 100.000 ќе живеат со 50 денари на ден
Платежната картичка која Заев ја ветува е замачкување очи на граѓаните, кои за само еден месец добија поскапа струја и пропадната банка, каде има илјадници оштетени, и десетина илјади не можеа да добијат навреме пензија и социјална помош.
Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Во Македонија денес имаме над 40 илјади невработени, историски пад на БДП од 12.7% и намалени плати и тоа само за 6 месеци криза. Иако се потрошија 1 милијарда евра раст нема, нема ниту ефект за амортизација, напротив тоне државата.
И додека се оди во надолен тренд сметките за струја растат.
Заев, СДСМ и мафијата на власт не се решение за проблемот, тие се проблемот.
Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.