Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски
„Љупчо Николовски е одраз на корупција и криминал. Како министер за земјоделие, шумарство и водостопанство му се случи проневера на 300 илјади евра, пари на тутунарите, за кој случај никој не одговараше пред лицето на правдата. Напротив, го унапредија во Управен одбор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Љупчо Николовски е Генерален секретар и шеф на Републичкиот изборен штаб на СДСМ, во време на нај корумпираните избори кои се случиле во Македонија. За милијарда евра, СДСМ ги задолжи граѓаните и истите беа потрошени единствено за предизборен поткуп на гласачи. Николовски е лицето кој ги спроведе сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, главно со народни пари, на последните парламентарни избори.
СДСМ е партија која само во последните месец дена има корупциски афери, кои некои држави ги немаат во сто години.
За време на владеење СДСМ се случи аферата со Еуростандард банка, тешка околу 200 милиони евра од кои, над 55 милиони евра за кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта.
Во време на економска криза, кога стопанството е пред колапс, место фирмите на кои навистина им требаше помош, државни пари добија фирмите на Зоран Заев и на Нина Ангеловска.
Двесте милионски корупциски скандал се случи и со тетовската фабрика ШИК “Јелак“ која сега е во сопственост на контроверзниот црногорски бизнисмен, и за кој, два дена по изборот на старо-новата влада на СДСМ беше изменет ДУП на Тетово. Скандал во кој се вклучени лично Зоран Заев и поранешниот Генерален секретар на Влада, Драги Рашковски.
Николовски потврдува, до сега не важеше Нула толеранција или толерирале корупција. А и нема да брзаат, нека почекаат до крај на мандатот.
Заев и челниците на СДСМ не се борат против криминалот, Заев и челниците на СДСМ го прават криминалот.
Заев и СДСМ не се решение на проблемот, Заев и СДСМ се проблемот. Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.