Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, г-дин Емилио Лоренцо Сера.
Сера му честита на Груби за назначувањето на позицијата прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, нагласувајќи дека добрите односи меѓу Северна Македонија и Шпанија ќе продолжат да се рефлектираат и во поддршката на земјата кон европската интеграција
Во оваа насока, првиот вицепремиер Груби му порача на амбасадорот на Шпанија, г-дин Сера дека е добредојдена поддршката од Кралството Шпанија, како докажан сојузник на Северна Македонија.
Груби, исто така рече дека Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците ќе гарантира кохезија во земјата. Тој исто така ја спомна и важноста на ветингот за сите политичари, судии и обвинители.
На крајот на состанокот, првиот вицепремиер г-дин Артан Груби и амбасадорот Лоренцо Сера разменија мислења за најефикасните и најпотребните начини за управување со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, како и разговараа за политичките настани во земјата и регионот.