Заев: Да не заборавиме колку е кревка демократијата и никогаш повторно да не се вратиме во мрачното минато

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук го честиташе Меѓународниот ден на демократијата.

„Денес е Меѓународниот ден на демократијата. Речиси три децении градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја. Владеењето на правото, слободата и еднаквоста на сите граѓани, правото да се слушне и најтивкиот глас и да му се даде на значење во медиумското опкружување кое е слободно и разнолико, е основата врз која го градиме нашето општество. Пред неколку години се соочивме со заробена држава, демократијата беше деградирана, а можноста да се учествува беше оставена на мала, привилегирана група луѓе.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159028686682932


Сега е поинаку, членка сме на НАТО, чекориме забрзано кон ЕУ. Политичките процеси се отворени за секого, транспарентни и инклузивни. Граѓаните повеќе не шепкаат туку говорат гласно.
Да не заборавиме колку е кревка демократијата и никогаш повторно да не се вратиме во мрачното минато. Заеднички имаме светла иднина. Одговорноста за тоа во каква држава живееме и ќе живееме е на сите нас. Да продолжиме напред, гласно и слободно, отворени кон светот!
Ви го честитам Меѓународниот ден на демократијата и ве повикувам заедно храбро напред, уште подобро и уште повеќе.

Треба да знаете
Последни објави