Владата на Ирска објави дека го одложува планираното отворање на пабовите во Даблин и дека воведува нови ограничувања на семејните собири поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19.
По воведувањето на мерките за ограничување на движењето во март, Ирска забележа 1.784 смртни случаи од 31.192 заболени, а кон крајот на јуни ги отвори само рестораните. Претходно најавеното отворање на пабовите сега е одложено за 21 септември.
Според новите мерки, дозволени се средби помеѓу две семејства, најмногу шест лица на отворено и во затворен простор.
Жителите на Даблин се повикуваат да го ограничат патувањето надвор од главниот град.
„Ситуацијата во нашиот главен град е загрижувачка и се влоши во последните неколку недели. Ако ова продолжи, ќе стане невозможно да се задржи вирусот надвор од болниците, домовите за стари лица и фабриките“, соопштија локалните власти.