Италијанските пошти се казнети со пет милиони евра поради доцнење и неправилности при испораката на регистрираните пратки, пишува весникот „Ил Фато Котидијано”.
Државниот орган што ја следи и гарантира конкуренцијата на пазарот АГЦМ донесе одлука италијанските пошти да ја сносат вината за штетата што ја претрпеа не само граѓаните, туку и судскиот систем на државата поради ненавремената достава на препорачаните пратки.
АГЦМ утврди дека италијанските пошти не ја исполниле обврската што ја понудиле и наплатиле, дека избегнуваат да доставуваат препорачана пошта на домашна адреса, наведувајќи пример за лица со попреченост на кои, иако биле дома, поштарите им оставиле порака да се јават на поштенски шалтер.
За жал, казната од еден милион, како што тврди АГЦМ, не е „корективна”, бидејќи нема значително да влијае на вкупниот приход што го остваруваат италијанските пошти на годишно ниво, повеќе од три и пол илјади милијарди евра.
Според нив, излезот е во примена на европската директива, која сè уште не е донесена во Италија, и која предвидува во вакви случаи казна од четири проценти во однос на вкупниот годишен приход.