Надал: Турнирот во Рим ќе биде добар тест, но немам големи очекувања

Минатогодишниот шампион на тенискиот Мастерсот во Рим, Рафаел Надал нема големи надежи дека ќе успее да ја одбрани титулата.

За Надал настапот во италијанската престолнина ќе биде прв по подолгата пауза и единствениот пред одбраната на титулата на Грен слемот Ролан Гарос.

-Очигледно, ви требаат натпревари за да се чувствувате 100%. Но, нема што да се стори. Дојдов тука и имав доволно време да вежбам правилно. Турнирот ќе биде добар тест. Драго ми е што ќе се вратам на натпреварувањето, но немам големи очекувања, изјави Надал.

АТП Мастерсот 100 во Рим почна вчера и ќе трае до 21 септември.

Треба да знаете
Последни објави