Помпео: Франција да го реши проблемот со оружјето на Хезболах

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ја предупреди Франција дека нејзините заложби за решавање на кризата во Либан ќе бидат залудни, доколку веднаш не го реши прашањето за вооружувањето на Хезболах, поддржано од Иран.

– Соединетите Американски Држави ја презедоа одговорноста и ќе го спречиме Иран да купува кинески тенкови и руски системи за противвоздушна одбрана, а потоа да продава оружје на Хезболах, што ги поткопува напорите на францускиот претседател Емануел Макрон во Либан. Не можете да дозволите Иран да има повеќе пари, моќ и оружје и во исто време да се обидете да го оддели Хезболах од катастрофите што ги предизвика во Либан, изјави Помпео за француското радио Интер.

Хезболах, кој има парламентарно мнозинство, како и неговата шиитска заедница, имаше министерски места во претходната влада, вклучително и министри за здравство и финансии.

За време на посетата на Бејрут, на почетокот на овој месец, Макрон рече дека приоритет е да се воспостави влада што брзо ќе ги спроведува реформите, но оружјето на Хезболах во тоа време не беше споменато.

Треба да знаете
Последни објави