Поранешниот претседател на парламентот на босанските Срби и хашки осуденик, Момчило Краишник (75), почина денеска како последица на корoнавирусот, објавија српските медиуми.
Краишник бил примен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска по заразата со Ковид-19.
Раководството на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, предводено од генералниот директор, проф. д-р Владо Чаиќ, изразува искрено сочувство до семејството на починатиот, пишува „Српскаинфо“.
Краишник беше прв претседател на Националното собрание на Република Српска. Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 17 март 2009 година на 20 години затвор за злосторства извршени за време на војната во БиХ. По издржувањето две третини од казната, тој беше ослободен во 2013 година.