Сателитски снимки над Атлантикот – по вторпат во историјата над океанот има пет тропски циклони

Над Атлантскиот океан, во екот на сезоната на урагани во моментов има дури пет тропски циклони. Ова се случува по вторпат во историјата.

Оваа сателитска фотографија ги прикажува петте тропски циклони кои во моментов се активни над Атлантикот. Од лево, најнапред се гледа ураганот Сали над Мексиканскиот залив, потоа ураганот Полет над Бермудите, остатоците од тропската бура Рене и тропските бури Теди и Вики.

Станува збор за историски момент, со оглед на тоа дека последен пат вакво нешто било забележано во 1971 година.

Веројатно најопасен од овие тропски циклони е ураганот Сали кој сега му се заканува на југоистокот на САД, предупредуваат американските метеоролошки служби.

Ураганот Полет ги погоди Бермудите рано наутро во понеделникот. Бидејќи тој во моментов се оддалечува од таа локација, последиците се видливи. Силните ветрови, невреме и обилни врнежи од дожд најверојатно ќе продолжат до попладневните часови.

Исто така, се очекува Полет да продолжи да се зајакнува додека се движи кон отворениот Атлантик. Ураганот може да добие статус на голем ураган во среда, со брзина на ветерот од најмалку 111 метар на час.

Сезоната на урагани во Атлантикот обично има во просек има по три големи урагани. Тропската депресија на Рене, која беше тропска бура минатиот викенд, ќе продолжи да ослабува додека минува низ централниот дел на океанот. Се очекува оваа бура да не го погоди копното, а исто така се предвидува дека ќе се распрсне во следните два дена.

Ураганот Сали во моментов се движи на северозапад преку Мексиканскиот залив. За низинските подрачја долж заливот веќе е во тек задолжителна евакуација.

Она што е опасно за оваа бура е големата количина на вода. Националниот центар за урагани соопшти дека количините на вода може да бидат опасни по живот и предупредуваат на големи поплави.

Тропската бура Теди моментално се наоѓа во централниот дел на Атлантикот, на 1.000 милји источно од Малите Антили. Теди се очекува да се засили до ураган во следните неколку дена. Доколку се случи тоа, Теди ќе биде осмиот ураган оваа година во сезоната на урагани во Атлантикот, зад Сали.

До крајот на неделата се предвидува дека Теди ќе стане главниот ураган (категорија три или повисока) со приближувањето кон Бермудите. Прерано е да се каже дали директно ќе ги погоди Бермудите, но со оглед на моменталната состојба, тоа ќе биде нешто што ќе се види во наредните денови.

 

Треба да знаете
Последни објави