Претседателот на српската Социјалдемократска партија (СДС), Борис Тадиќ, ги повика сите опозициски лидери да се состанат утре и да разговараат за нова стратегија за дејствување на опозицијата.
„Ова е првпат да преземам ваква иницијатива во овие осум години, бидејќи досега сакав да им дадам можност на сите други лидери на опозицијата кои излегоа со свои предлози. Се надевам дека тие ќе одговорат на овој повик и ќе го слушнат мојот предлог”, наведува Тадиќ во писмена изјава.
Тој додава дека и самиот учествувал во некои проекти, во чиј успех не бил убеден, бидејќи единството на опозицијата било пред се.
„Предлагањето на оваа иницијатива секако не значи дека сакам да го преземам водството во опозицијата, а стратегијата што ја предлагам има за цел да ја прекине таа борба за првото место на Титаник. Во таа смисла, суетата не треба да биде причина да не одговорам на повикот што го упатив”.
„Предлагам стратегија за која сум убеден дека е најдобриот и најбрзиот начин да се придобие овој режим, бидејќи тоа е стратегија во која сите наши разлики конечно би започнале да работат за нас, а не против нас”, додаде Тадиќ.