Кинескиот град Жујли во близина на границата со Мјанмар е ставен во карантин, а сите 210.000 жители ќе бидат тестирани, откако беа потврдени три случаи на Ковид-19.
Во градот затворени се сите трговски објекти, освен супермаркетите, аптеките и пазарите за прехранбени производи .
Заразените лице во Жујли пристигнале од Мјанмар, а локалните власти најавија построги казни за лицата кои нелегално ја преминуваат границата.
Кинеското Министерство за здравство денеска соопшти дека во земјата се регистрирани осум новозаболени од Ковид-19, сите тие се вратиле од странство. Во изминатите 24 часа забележани се и четири смртни случаи, а оздравеле 11 лица.