Мексиканската Влада соопшти дека планира да го исполни долгогодишното ветување и да ги извлече телата на 63 рудари загинати во несреќа во 2006 година.
Телата на само двајца рудари се пронајдени по експлозија во рудник во северната држава Коавила.
Под еден тон камен и јаглен се затрупани уште 63 тела.
Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор нареди работите да започнат „веднаш”.