Новиот закон за демократско сеќавање во Шпанија има за цел да ја забрани фондацијата која го промовира наследството на генералот Франциско Франко, како и да им обезбеди репарации на жртвите на покојниот диктатор.
Законот, исто така, има за цел ќе го отвори патот за претворање на Долината на заганатите, мавзолејот што Франко нареди да се изгради и каде што повеќе од четири децении лежеа неговите посмртни останки, во цивилни гробишта за жртвите од двете страни на граѓанската војна од 1936-1939 година, изјави денеска вицепремиерката на шпанската Влада, Кармен Калво, јавија американските медиуми.
Законот е клучно изборно ветување на лидерот на социјалистите Педро Санчез, кој минатата година ги ексхумираше и премести останките на Франко на мали гробишта во Мадрид за време на неговиот прв краток мандат како премиер.
Санчез сега е во левичарска коалиција со крајно левичарската партија Обединети можеме (Унидас Подемос), а неговиот кабинет денес го одобри новиот нацрт-закон.
Може да поминат и месеци додека не се усогласи нацрт-законот и ги мине сите потребни нивоа на одобрување во парламентот.
Еден од најконтроверзните аспекти на предлог-законот е забраната на организации кои имаат потреба од јавно финансирање или од намалување на даноците, а истовремено го бранат франкоизмот.