Полската Влада се обидува да обезбеди повеќе вакцини против грип од меѓународните производители, поради националниот недостиг поттикнат од зголемената побарувачка за време на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Ниџиелски.
Тој кажа дека Полска генерално има многу ниски стапки на вакцинација против грип и дека сега има недостиг од вакцини, бидејќи нарачките за оваа есен и зима се темелат на податоците за побарувачката од минатата година, јавиваат американските медиуми.
Во интервју за полското „Радио Зет”, Ниџиелски истакна дека неговото министерство вчера одржало средба со претставници на клучните добавувачи на вакцини за да ја испита можноста за добивање на повеќе пратки со вакцини.
Во текот на минатогодишната сезона на грип во земјата биле вакцинирани околу 1,5 милиона лица или околу четири проценти од полската популација, која брои 38 милиони, соопшти полскиот министер за здравство.