Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа и Европската комисија се договорија да го зајакнат партнерството и да го прилагодат на новите здравствени приоритети и предизвици.
Според соопштението од годишното заседание на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, договорено е поблиско партнерство во пет приоритетни области од заеднички интерес.
Овие приоритети вклучуваат безбедност од заканите по здравството, ефикасни, достапни, одржливи и иновативни здравствени системи, сеопфатен одговор на незаразните болести, пред сè ракот, одржливи системи за храна и здравје, како и здравствена соработка со земји од европскиот регион кои не се членки на СЗО.
Во наредните месеци ќе биде развиен и конкретен план за проекти и чекори за соработката, се додава во соопштението.