Уште еден пожар во центарот на Бејрут

Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници.

Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид.

Зградата е се уште во изградба и нема повредени луѓе. Пожарот е изгаснат и отворена е истрага.

Тоа е трет пожар во таа област во рок од една недела.

Треба да знаете
Последни објави