Германската Влада на тендер ја избра фирмата „Хенел” зао нов производувач на пушки за германската армија, која ќе го заземе местото на долгогодишниот снабдувач, компанијата „Хеклер и Кох”.
„Хенел”, кој е во сопственост на компанија со седиште во Абу Даби, победи на јавен тендер за договор вреден 250 милиони евра и ако одлуката на владата не биде законски оспорена, договорот треба да биде потврден во Парламентот.
Доколку се случи тоа, „Хенел”, основана во 1840 година во Германија, ќе произведе 120.000 пушки за вооружени сили, заменувајќи ги моделите Хеклер и Кох Г36, познати по своите проблеми со прегревање.