Штипјанец киднапира кучиња, а сопствениците ги гаѓа со стрела

Штипјани реагираат дека човек им ги зема домашните миленици од дома за да ги убива, а кога ќе реагираат им се заканува дека ќе ги убие, алармира штипјанката Силвана Данева на Фејсбук

-Убиец на миленици зема кучиња од дома, буквално од ходник ми го зема кучето и пукаше по мене со стрела. Кај се институциите и има ли закон овој убиец да се спречи? Ме нарече курва и секакви грдни зборови. Во Штип има ветеринара. Убиец, монструм, ни влегува по домовите и ни ги убива кучињата. Пријавив во полиција, има и пријава, но не ми го дава кучето. Собра уште пет кучиња и рече дека ќе ги убиел. Ништо не сум му можела, имал фамилија, бил водич во полицијата и партијата СДСМ била на власт. Рече дека и нас ќе нè убиел и ден затвор немало да лежи. Кај се институциите да се огласат? Терор имаме по нашите домови, напиша Данева.

https://www.facebook.com/silvanka.daneva/posts/311720490127266

Треба да знаете
Последни објави