Претседателот на САД, Доналд Трамп, наскоро би можел да ја посети Србија, најави американскиот специјалниот пратеник за косовското прашање, Ричард Гренел. Тоа би бил историски настан, бидејќи Џими Картер е последниот американски претседател кој ја посетил Србија во 1980 година.
– Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја посети Србија и датумот на неговото пристигнување во Белград веќе се планира. Сега треба да работиме на наоѓање датум што би одговарал и на Белата куќа и на Советот за национална безбедност, кои исто така би биле вклучени во организацијата на посетата – вели Гренел за српското радио „Чикаго“.