Израелската армија бомбардираше цели на Хамас во појасот Газа

Израелската армија утрово бомбардираше цели во појасот Газа. Погодени се кампови за обука на припадници на Хамас, јавија западни медиуми. Воздушните напади се одговор на ракетниот оган од Газа врз еврејски градови.Две лица се повредени во ракетниот напад врз јужен Израел од Појасот Газа. Според израелската армија, две ракети биле испукани од енклавата контролирана од исламистичкото движење Хамас. Ова се случи за време на церемонијата на потпишување на договорите за нормализирање на односите на Израел со ОАЕ и Бахреин во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави