Европската служба за следење на климата објави дека чадот од шумските пожари на западниот брег на САД стигнал дури до Европа. Пожарите веќе зафатија речиси два милиона хектари во западниот дел на САД.
Сателитските податоци на Службата за следење на атмосферата „Коперникус“ (КАМС) покажаа дека шумските пожари што ги опустошија Калифорнија, Орегон и државата Вашингтон биле неколку десетици до стотици пати поинтензивни од просекот во последните неколку години.
Поради силните атмосферски системи, чадот од пожарите бил со денови заробен над западниот дел на Северна Америка предизвикувајќи потенцијално опасен квалитет на воздухот во градовите како Портланд, Орегон, Ванкувер и Сан Франциско.
🔥Smoke deriving from the #CaliforniaFires and #OregonFires is being carried across the US.
This animation shows aerosols spreading from the West Coast all over the country & Canada.@windyforecast uses forecast models from our Atmosphere Monitoring Service @CopernicusECMWF. pic.twitter.com/sbxfkvQtDD
— Copernicus EU (@CopernicusEU) September 16, 2020
Но, времето се смени во понеделникот и воздушната струја го разнесе чадот на исток. Порталот „Време NY Metro Weather“ објави во вторникот дека е видлив на небото над Њујорк.
КАМС објави дека честичките чад од пожарот стигнале дури 8.000 километри подалеку на исток, до северна Европа.
Се проценува дека пожарите ослободиле повеќе од 30 милиони тони јаглероден диоксиод од средината на август.
Пожарите зафатија речиси два милиона хектари во западниот дел на САД, што приближно одговара на површината на државата Њу Џерси. Загинаа 35 лица, а се стравува дека може да има уште жртви.