Во последните 24 часа во Унгарија починаа осум лица, двојно повеќе од претходниот ден, објавено е денес на веб-страницата koronavirus.gov.hu.
Досега починаа вкупно 654 лица, а оздравеа 4.153 лица, пренесува МТИ.
Бројот на заразени се зголеми во изминатите 24 часа за 581 на 14.460, се додава на веб-страницата.
Во моментов, регистрирани се 9.653 активни случаи, а во болницата има 324 лица, од кои 18 се на апарати за дишење.
Вкупно 29.005 лица беа ставени во домашен карантин, а тестирани се 567.691 лице.