Бејл е на пат да се врати во Тотенхем

Герет Бејл речиси сигурно ќе се врати во тимот од англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем од каде се пресели во шпанскиот Реал Мадрид пристигна со рекорден трансфер во 2013 година. Оваа вест ја потврди неговиот менаџер Џонатан Барнет, кој призна дека е во постојан контакт со челниците на англискиот клуб. Англиските медиуми пишуваат дека е договорено велшкиот репрезентативец сезонава да замине како позајмен играч во Тотенхем.

-Бејл уште го сака Тотенхем. Преговорите се во тек и сè оди во добар ред“, рече менаџерот Барнет.

Најголем проблем околу позајмицата е платата на Бејл. Велшанецот заработува 550.000 евра неделно.

Освен Бејл, се преговара и за трансфер на Серхио Регилон од Реал во Тотенхем, но, за разлика од Бејл, Регилон ќе биде продаден, а не позајмен. „Зелено светло“ за доведување на двајцата играчи на Реал Мадрид има и од менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави