Десетици пожари продолжуваат да беснеат во западниот дел на САД.
Пожарникарите се борат со пожар во близина на Лос Анџелес, што е активен повеќе од една недела и се заканува да зафати историска опсерваторија и објекти за телекомуникации во вредност од над една милијарда долари.
Вкупно 27 пожари беснеат во Калифорнија. Од средината на август во пожарите загинаа 25 лица во државата и ангажирани се повеќе од 16.600 пожарникари.
Огромни пожари има и во Вашингтон, Орегон и Ајдахо кои предизвикаа рекордно загадување на Западниот брег.
Според гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, ако некое лице дише дневно во погодените области, тоа е исто како да пуши 400 цигари.
Според американските метеоролошки служби, количината на чад е толку голема што стигнала до источниот брег, па дури и до Европа.
Вкупно повеќе од два милиони хектари вегетација се уништени од средината на август од границата со Канада до таа на Мексико. Жртви на пожарите се 35 луѓе.