Локалите во Штип во петок и сабота ќе работат со продолжено работно време по повод одржувањето на културната манифестација „Макфест“, соопшти Општина Штип.
Како што се додава, на 18-ти (петок) и 19-ти (сабота) работното време се продолжува за два часа односно до 03:00 часот по полноќ.
 
				



 
													 
													