Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Пелагонија“ 63, денеска од 14:30 часот прекинато водоснабдување имаат дел од корисниците од улица и од улиците „3“ и „37“ во Визбегово.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до отстранувањето на дефектот.