Реномираната чешка инвестициска банка „Вуд едн компани“, специјализирана за акционерски друштва чии акции котираат на берзите на растечките пазари во Југоисточна Европа, и оддаде признание на македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“, за чии што акции препорачува да се купуваат и чуваат, пишува „Фактор.мк“.
-Акцијата на најголемиот македонски фармацевтски производител „Алкaлоид“ вреди, треба да се има во портфолиото и треба да се чува. „Алкалоид“ е акција која треба да се купува до ценовни нивоа до 13.600 денари за акција и потоа да се поседува, односно да се чува, е главната поента на финансиските аналитичари од „Вуд енд Компани“.
Аналитичарите во својата анализа појаснуваат дека на оваа фармацевтска компанија и претстои светла иднина, бидејќи предвидувањата се за постоечки раст и висока заработувачка во следните години.
-Алкалоид сега и во иднина има и ќе има релативно силни и растечки приходи од кои ќе произлегува висока заработувачка и тоа во континуитет за наредните три до четири години, пишува во анализата.