Под џипот на Страхиња Стојановиќ (30) бил поставен пластичен експлозив пентрит П-500, со голема деструктивна моќ. Пентритот го произведува воената индустрија и во регионов, во форма на пластилин е и лесно се шверцува преку границата.
Според извори од истрагата, Стојановиќ бил разнесен со килограм и пол пентрит П 500, ставен под џипот „БМВ X5“, а се активирал од далечина, најверојатно со мобилен телефон.
– За време на истрагата, пронајдени се остатоци од пентрит и тие се проследени за вештачење. Само некој исклучително вешт може да го подготви експлозивот, но тој лесно и брзо се става под возилото. Потребни се можеби дваесет секунди за да се направи тоа. Убиецот сигурно го следел Страхиња за да се осигура дека бил во џипот. Ја активирал бомбата од непосредна близина и потоа избегал, објасни изворот.
Според изворот, пенетритот е еден од најсилните експлозиви, судејќи според количината на енергија што ја ослободува за време на детонацијата.
– Само седум килограми од овој експлозив се доволни за уривање на целата зграда. Главно се користи за воени цели, а криминалците го добиваат со кражба од воени фабрики. Пентритот, патем, лесно се обликува, како тесто или пластелин, така што е лесно да се скрие во чевел или под облека кога се шверцува преку границата. Детекторот за метали не може да го регистрира бидејќи нема метални иверки. На светскиот пазар еден килограм пентрит во кристал може да се купи за околу шест евра за килограм, а кога ќе се преработи во пластичен експлозив, чини околу 30 евра – рече соговорникот.
Да потсетиме, Стојановиќ беше убиен во неделата во Нов Белград. Неговата девојка од Колумбија, Соња Суарез Гомез (45) била во џипот, но била само полесно повредена.
Стојановиќ и претходно беше мета на убијци, а во 2019 година за чудо ја преживеа експлозијата на бомбата поставена под неговиот џип во населбата Галеника.



