Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре без вода ќе останат двата објекта на „Мерцедес”, во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради поврзување на нова мрежа на булеварот „Кирил и Методиј”, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.