Натпреварите од првото коло во новата сезона во ракометната Лига на шампиони, покрај настапот на македонскиот и сеуште европски првак Вардар, кој загуби на гостувањето кај белорускиот Брест Мешков (24:22), за домашната спортска јавност интересен беше и дуелот меѓу Нант и Веспрем. За францускиот Нант настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, а во редовите на унгарскиот Веспрем, неговиот колега од државниот тим Дејан Манасков.
Пресметката како гостин ја доби Веспрем (28:24), но она што го одбележа дуелот е погодок на Манасков кој е постигнат на магичен начин. Веднаш го издвои ЕХФ и ќе конкурира за најдобар во првото коло.
Манасков и Лазаров постигнаа по пет погодоци.
WATCH: Behind-the-back brilliance doesn't get any sweeter than this effort from Dejan Manaskov for @telekomveszprem! 😎 #ehfcl pic.twitter.com/leFlvMRx4k
— EHF Champions League (@ehfcl) September 16, 2020