Четири сантиметри под нултата точка е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните мерења направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.
Водостојот на Вардар е понизок и кај Демир Капија во однос на вчерашниот ден, а на исто ниво како вчера е кај мерната станица во Скопје. За пет сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Велес.
Кај поголем дел од останатите реки водостојот е на исто ниво како и во текот на вчерашниот ден.
Според мерењата на УХРМ, утре не се очекуваат поголеми промени на водостојот на реките во однос на денешниот ден.
Водостојот на Охридско езеро е 9 сантиметри над дозволениот минимум.