Куман не може да седне на клупата кај Барселона

Холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман кој неодамна го презеде кормилото на шпанскиот гигант Барселона нема да може да седне на клупата додека тимот од „Камп Ноу“ не расчисти со неговиот претходник Кике Сетиен.

Барселона треба да постигне договор со поранешниот тренер Сетиен по отказот, околу исплатата на финасиските средства кои му следуваат според еднострано раскинатиот договор. Сетиен бара исплата на комплетниот договор што го имаше, додека управата на Барса бара компромис и договор за помала сума.

Бидејќи Сетиен не се откажува од парите, се појави проблем за Куман, кој според правилата не може да седне на клупата на официјален натпревар се додека Барселона не го реши статусот на стариот тренер. Добрата работа за Барселона е што тие го играат својот прв натпревар во шампионатот за десет дена. Сите се надеваат дека дотогаш проблемот со Сетиен може да се реши и дека Куман ќе може да седне на клупата на тимот.

Треба да знаете
Последни објави