Руски воен авион МиГ-31 пресретна два американски стратешки бомбардери Б-1Б над Берингово Море и ги следеше се додека не се оддалечија од руската граница, соопшти денеска рускиот Центар за контрола на националната одбрана.
– Млазен ловец на Тихоокеанската флота, МиГ-31 полета да идентификува цели и да спречи навлегување во руските граници. Екипажот на авионот целите ги идентификува како два стратешки бомбардери на американското воддухопловство Б-1Б Лансер и ги спроведе над водите на Берингово Море, соопшти Центарот, при тоа додавајќи оти операцијата била извршена во согласност со меѓународното воздушно право.
Авиони на Источниот воен округ Су-35С претходно пресретнаа Б-1Б Лансер на американското воено воздухопловство над Берингово и над Охотско Море.