Рускоска: Недозволиво е од Финансиска полиција да дојдат само 9 пријави за перење пари и ниту една од нив да не е сомнеж за организиран криминал и корупција или против високи функционери

Недозволиво е од Финансиска полиција минатата година да дојдат само 9 пријави за перење пари и ниту една од нив да не е сомнеж за организиран криминал и корупција или против високи функционери, вели обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Обвинителката себеси ќе се смета за не толку успешен обвинител за организиран криминал и корупција ако не фати во криминал и обвини функционери од извршната власт, иако досега има обвинето пратеници и судии.

Русковска за веќе поведените истраги од висок јавен интерес, пак, кажува дека таа за „Скопје 2014“ конечно ќе биде реферирана денеска во Републичкото обвинителство, а предметот „Империја“ ќе се почне со вештачењето.

 

Треба да знаете
Последни објави