Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Унгарија

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Унгарија Н.Е. Ласло Иштван Дукс. На средбата се разговараше за продолжување на поддршката што Унгарија ја пружа на нашата земја со околу 30-тина унгарски полициски службеници, кои се распоредени на нашата јужна граница и им помагаат на нашите полициски службеници во заштита на границата од илегалата миграција.

Воедно амбасадорот Дукс му честита на министерот Спасовски за неговата улога во успешното спроведување на парламентарните избори и му посака успех во новиот мандат како министер за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави