ЈО молчи и го крие СДСМ! Каде се стотици илјади евра за рекламирање кои не се пријавени?

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„СДСМ од страв од народот кој што излезе во вторник на протест го активира политичкото обвинителство против ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е транспарентно и законски.

Костадин Костадинов нека не молчи и нека одговори за извештајот каде што недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање. Пред месец дена ВМРО-ДПМНЕ обзнани дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање.

СДСМ дневно трошеше на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.

Во извештајот  на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува,  а СДСМ  прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира!

Русковска обвинителството молчи и го крие криминалот на СДСМ.

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми.

Треба да знаете
Последни објави