Eлиф Елмас ќе настапува со дресот со број седум во новата сезона од Калчо-лигата што официјално ќе стартува утре. Македонскиот репрезентативец во својата дебитантска сезона во Италија го носеше дресот со број 12, но летово се реши за промена избирајќи ја „седумката“ во тимот на Џенаро Гатузо.
Дресот со број седум досега му припаѓаше на Хозе Калјехон, но шпанскиот ветеран летово си замина од Неапол, а Елмас реши да го преземе неговиот број за новата натпреварувачка сезона. Големото засилување на Наполи, Нигериецот Осимхен, ја задолжи „деветката“ во новиот клуб.
„Наполитанците“ во првото коло од новата сезона ќе му гостуваат на тимот на Парма, меч што ќе се игра в недела со почеток во 12.30 часот.