Груевски за „Тенк“: Судиите е толку исплашени од Заев што не прифаќаат ниту сведоци на обвинетите

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта, вели во објавата на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Според него, Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеле притисок и влијание врз врховниот суд, а истото го прави и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија. Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна.

-Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната, а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици, вели Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158795201732716

Треба да знаете
Последни објави