Ѓоковиќ се намачи со Крајчиновиќ ама стигна до четвртфиналето во Рим

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ обезбеди место во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ во денешниот меч беше подобар од сонародникот Филип Крајиновиќ. Првиот сет донесе многу возбудувања, имаше многу надигрувања за да се се одлучи во тај-брејкот кој исто така беше драматичен и му припадна на Ноле со 9-7.

Во вториот сет Новак двапати му го одзема сервисот на противникот што беше повеќе од доволно со 6-2 да го заврши овој меч и да дојде до 14 последователно  четвртфинале на турнирот во италијанската престолнина.

Србинот кој во оваа календарска година има учинок од 28 победи на 29 натпревари за следен ривал ќе го има подобриот од пресметката меѓу Лоренцо Музети и Доминик Кепфер.

Треба да знаете
Последни објави