Напаѓачот Ентони Марсијал е прогласен за играч на сезоната во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед според изборот на играчите, пренесува официјалната веб-страница на клубот.
Французинот оствари 48 настапи, постигна 23 гола и направи 12 асистенции.
Минатата година Лук Шо ја освои наградата за играч на сезоната.
Бруно Фернандеш победи според гласовите на навивачите.