Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го доби на убделив начин првиот од двата предвидени пријателски натпревари со бугарскиот Левски Лукоил (94:74). Вториот контролен натпреавр македонскиот и бугарскиот тим ќе се одигра утре попладне со почеток во 14:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Аеродромци докажаа дека се за класа подобри со најдобриот тим уште во првата четвртина во која поведоа со 17:3, а која ја завршија со позитива од 19:8. Двоцифрената предност растеше и во втората четвртина, во која МЗТ дојде и до најубедливата позитива од плус 21.
Високата предност беше најава за лесна победа против гостите од Бугарија, па на крајот резултатот гласеше 94:74. Дамјан Стојановски и Андреј Магдески беа најдобри на паркетот и постигнаа по 17 поени, пратени од Феми Олуџоби кои уфрли 15 поени.