Мицотакис, Меркел и фон дер Лајен разговарале за изградбата на новиот бегалски центар на Лезбос

За оперативната соработка со Европската унија во новиот постојан центар за бегалци и мигранти што ќе се изгради на Лезбос, преку видео конференција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на разговорот, Мицотакис им презентирал и видео од новиот, привремен камп во Кара Тепе, споредувајќи ја со ситуацијата во Мориа.

Во новиот камп се сместуваат бегалците и мигрантите кои останаа на улица откако пред десетина дена изгоре најголемиот бегалски камп во Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска биле префрлени уште околу 2.000 бегалци и мигранти, со што во новиот, привремен камп веќе има околу 7.000 лица.

Од спроведените тестови за Ковид-19 пред сместувањето во шаторите, позитивни биле резултатите на 174 бегалци и мигранти.

Треба да знаете
Последни објави