Почна 11. издание на Меѓународната ликовна колонија во Тетово

Во Тетово денеска свечено беше означен почетокот на 11. издание на Меѓународната ликовна колонија во организација на националната установа „Уметничка Галерија”.  Дел од колонија се 23 уметници од Северна Македонија, Косово, Албанија и Турција кои седум дена ќе творат на повеќе локации низ градот и околината.

-Уметничката имагинација не се реализира со ограничувања затоа јазикот на уметноста е еден и единствен метод на комуникација, реализиран на емотивно, духовно и интелектуално ниво. Уметноста и во време на пандемија создава атмосфера, промовира оптимизам и носи светло на надеж за подобри денови, затоа предизвикот на оваа уметничка колонија е како да се изгради слика и просторот за развојот на културниот живот во градот Тетово, истакна на отворањето Јелдез Арслани од Уметничката Галерија.

Потоа директорот на установата Илир Куртиши ја прогласи колонијата за отворена.

-Почестен сум што сум дел од колонијата, голем предизвик е за секој поединец во оваа друштво, генерација на повозрасни афирмирани уметници при што освен дружбата имаме и една задача, нешто што ќе остане како стална поставка во фондот на галеријата. Секој автор доаѓа со одреден свој одреден ракопис и врз основа на ракописот, природата или пејсажот треба да ги пренесе на платно, истакна академик проф. Д-р Феик Хусковиќ, еден од учесниците.

На отворањето на колонијата поздравен говор имаше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби како и државниот секретар за култура Валмир Азири.

-Првите активности како вицепремиер надвор од мојата канцеларија ги направив во Тетово. Првата активност беше за деца со аутизам, а втората е оваа уметничка колонија. Ова зборува за продуктивноста во Тетово и се надевам дека секој ден ќе не радувате со нова активност. Ќе ве поддржуваме институционално, како што ја поддржуваме културата, истакна Груби.

По седум дена творење делата на уметниците ќе бидат прикажани на изложба во Уметничката галерија во Тетово наредниот петок, 25 септември.

Треба да знаете
Последни објави