Претседателот на Гватемала Алехандро Џаматеи изјави денеска дека е позитивен на тестот за коронавирус.
– Тестот за коронавирус беше позитивен, изјави Џаматеи (64) за една локална радиостаница.
Претседателот на Гватемала не кажа дали има некои симптоми поврзани со вирусот.
Тој додаде дека планира да и се обрати на нацијата подоцна денеска.