Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за здравство, Венко Филипче и за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска ќе ја посетат Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Општина Чаир.
Посетата е по повод завршување на проектот за гасификација на установата, информират од Владата.