Тејтум објасни за скандалот во соблекувалната на Селтикс

Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, го коментираше скандалот во соблекувалната на „Келтите”, што се случи по поразот од Мајами во натпреварот бр. 2.

Синоќа, Селтикси го добија третиот натпревар од финалната серија на Истокот, со што ја намалија разликата на 1-2 во победи, а 22-годишната sвезда увери дека нема напнатост во редовите на тимот.

– Секој што играл во тим знае дека не е пријатно кога заостанувате во резултатот. Ако ти се допаѓа тоа, тогаш не ти е гајле. На мене сепак ми е гајле, кошарката е игра на емоции. Вашите соиграчи треба да бидат разочарани, на овој начин разбирате дека инвестираат во играта. Нема ништо лично во овие аргументи. Само решаваме некои работи, ништо повеќе, објасни Тејтум по дуелот бр.3, во кој запиша 25 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави