Велшката sвезда Герет Бејл изјави дека се вратил во Тотенхем поради менаџерот Жозе Мурињо.
– Тој ми зборува за неколку позиции на кои би сакал да играм. Јас бев задоволен од она што го слушнав. Мурињо е најголемата причина што се вратив. Неговото име е добро познато и тој е победник. Совршен човек за Тотенхем. Ни треба тоа да освојуваме трофеи, и тој најдобро знае како да го постигне тоа, изјави Бејл, кој ќе игра за „спарс” како позајмен играч.
Велшанецот додаде дека со нетрпение очекува да формира напаѓачко трио со Хари Кејн и Хјун-Мин Сон.
– Играњето со нив е возбудлива перспектива за сите. Ако одиме во иста насока заедно, сезоната може да биде многу возбудлива, изјави Бејл.
Сепак, тој ќе ги пропушти првите натпревари по враќањето во Тотенхем затоа што е повреден.